Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 5:1-6

Даниел 5:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Царот Валтазар приреди голема гозба за илјада свои достоинственици и заедно со нив пиеше вино. Откако се напи од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и среб­рените садови, кои татко му Навухо­доносор ги беше зел од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови. Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од светилиштето на до­мот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, же­ните негови и конкубините негови. Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени. Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти све­тилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше. Тогаш царот пребледе, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.