Амос 3:4-8
Амос 3:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа? Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа? Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ? Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците. Кога ќе зарика лав, кој нема да се исплаши? Господ Бог зборува – кој нема да пророкува?
Амос 3:4-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Рика ли лавот во гората ако нема плен? Пушта ли лавчето глас во дувлото ако ништо не улови? Паѓа ли птицата на земјата ако нема клопка на неа? Се дига ли мрежата од земјата ако ништо не се фати? Труби ли трубата по градот ако Господ не ја испрати? Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - пророците. Лавот рика: кој не ќе се исплаши? Господ Бог зборува: кој не ќе пророкува?