Амос 3:1-10
Амос 3:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови на Израел, против целото племе, кое го изведов од земјата египетска, велејќи: само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве казнам поради сите ваши беззаконија. Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе? Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа? Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа? Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ? Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците. Кога ќе зарика лав, кој нема да се исплаши? Господ Бог зборува – кој нема да пророкува? Прогласете од тврдините на Ашдод и од покривите на земјата египетска и кажете: соберете се по горите на Самарија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа. Тие не знаат да постапуваат справедливо, вели Господ: со насилие и грабеж собираат добра во дворците свои.