Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 9:32-43

Дела 9:32-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Посетувајќи ги христијаните, апостол Петар патуваше од место во место. Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида. Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран. Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува! Стани и намести си ја постелата!“ И тој веднаш стана! Сите што живееја во Лида и Шарон го видоа ова и се обратија кон Господ. А во градот Јопа имаше една христијанка по име Тавита, што во превод значи ,Срна‘. Таа имаше направено многу добри дела и имаше раздавано многу милостина. Во тоа време се разболе и умре. Ја избањаа и ја положија во една соба на горниот кат. Лида е близу до Јопа и кога христијаните од Јопа разбраа дека Петар е во Лида, испратија двајца луѓе да го викнат веднаш да дојде кај нив. Петар веднаш стана и тргна со нив кон Јопа. Кога пристигнаа, го одведоа во горната соба. Собата беше полна со вдовици кои веднаш се собраа околу Петар и плачејќи му ги покажуваа кошулите и другите облеки што ги изработувала Тавита додека била жива. Петар ги замоли сите да излезат надвор. Потоа клекна на колена, се помоли, се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и кога го виде Петар седна. Тој и подаде рака, и и помогна да стане. Потоа ги викна христијаните и вдовиците и им ја покажа жива. Тоа се расчу низ целиот град Јопа, и многумина поверуваа во Господ. А Петар остана подолго време во Јопа. Живееше кај еден човек по име Симон, кој беше кожар.

Дела 9:32-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Петар откако ги обиколи сите, сле­зе и кај светиите што живееја во Лида. Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на пос­тела, зашто бил неподвижен. И Петар му рече: „Енеј, тебе те ис­целува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш ста­на. И го видоа сите што живееја во Ли­да и во Сарон, и се обратија кон Господ. Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше. И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја. А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците штом слушнаа дека е Пе­тар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу. Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, плачеј­ќи и покажувајќи му ги ризите и обле­ките што ги беше правела Срна додека живееше со нив. Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна. А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива. И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ. А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој си кожар Симон.

Дела 9:32-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога Петар ги обиколуваше сите, дојде и при светите, кои живееја во Лида. Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран на постела. И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува; стани и направи си го леглото!“ И тој стана веднаш. И го видоа сите жители во Лида и во Сарон, и се обрнаа кон Господа. А во Јопија беше една ученичка по име Тавита, што преведено на елински значи Срна. Таа беше полна со добри дела и милостини, што ги правеше. Во оние денови се разболе и умре; ја искапија и ја ставија во горната соба. А бидејќи Лида е близу до Јопија, учениците чуја дека Петар е во Лида и испратија при него два човека со молба: „Не се двоуми да дојдеш до нас!“ А Петар стана и отиде со нив. Кога дојде, го одведоа во собата; и му пристапија сите вдовици плачејќи и покажувајќи му ги туниките и облеките, што ги правеше Срна додека беше со нив. А Петар ги истера сите надвор, клекна на колена и се помоли; и се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ А таа ги отвори очите, и кога го виде Петра седна. А тој ѝ ја подаде раката и ја подигна. Потоа ги повика светите и вдовиците и им ја покажа жива. Тоа се разгласи по сета Јопија и мнозина поверуваа во Господа. Тој пак остана многу денови во Јопија, кај некојси кожар Симон.