Дела 9:3-9 - Compare All Versions
Дела 9:3-9 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото! Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Савле, Савле! Зошто Ме прогонуваш?“ „Кој сте Вие, господине?“ - праша Савле. Господ му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш! Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“ Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого. Савле стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше. Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. Три дена не можеше да гледа, и ниту јадеше, ниту пиеше.
Дела 9:3-9 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото, и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој одговори: „Кој си Ти, Господине?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш.“ (Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да направам?“ А Господ му рече:) „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“ А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слушаа глас, а никого не гледаа. Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.
Дела 9:3-9 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото; и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој рече: „Кој си Ти, Господине?“ А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!“ Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?“ А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!“ А мажите, кои го придружуваа, стоеја занемени, зашто го чуја гласот, а не видоа никого. И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск. И беше слеп три дни: и не јадеше ниту пиеше.