Дела 7:2-4
Дела 7:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Стефан одговори: „Луѓе, браќа и татковци, ислушајте ме. Нашиот славен Бог му се јави на нашиот предок Авраам, додека тој се уште беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан, и му рече: ,Напушти ја оваа земја, напушти ги твоите роднини и појди во земјата што Јас ќе ти ја покажам.‘ Тогаш Авраам ја напушти земјата на Халдејците и се насели во Харан. По смртта на неговиот татко се пресели во оваа земја во која сега ние живееме.
Дела 7:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А тој одговори: „Луѓе браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан, и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘ Тогаш тој излезе од земјата Халдејска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, каде што живеете вие сега.
Дела 7:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А тој рече: „Браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога престојуваше во Месопотамија, пред да се насели во Харан, и му рече: ‘Излези од својата земја и својот род и појди во земјата, што ќе ти ја покажам!’ Тогаш тој излезе од Халдејската Земја и се насели во Харан и оттаму, по смртта на татко му, Бог го пресели во оваа земја, во која што живеете сега.