Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 5:1-4 - Compare All Versions

Дела 5:1-4 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

А еден човек, по име Ананија, за­едно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите. Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? Додека не беше продадена, нели бе­ше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не из­лажа луѓе, туку Бога!“

Сподели
Дела 5 MK2006

Дела 5:1-4 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари. За сето ова знаеше и неговата жена. Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи Сатаната да ти го исполни срцето, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата? Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“

Сподели
Дела 5 MNT

Дела 5:1-4 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

А еден човек по име Ананија, со својата жена Сапфира, продаде еден имот и задржа од цената со знаење на жената, а донесе еден дел и го стави пред нозете на апостолите. А Петар му рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го излажеш Светиот Дух и да задржиш од цената на нивата? Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде - не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа нешто во своето срце? Не ги излага луѓето, туку Бога!“

Сподели
Дела 5 MKB