Дела 5:1-16
Дела 5:1-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари. За сето ова знаеше и неговата жена. Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи Сатаната да ти го исполни срцето, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата? Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“ Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија. Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа. По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи. Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“ “Да, за толку“ - рече таа. Петар и рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“ И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа крај нејзиниот маж. Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова. Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда сред народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под Соломоновиот трем, и сите беа сложни. Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот. Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, голем број мажи и жени. Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели. Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.
Дела 5:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите. Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“ Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа. Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа. А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило. И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“ Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“ И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж. И голем страв ја обзеде целата Црква и сите оние што го слушнаа тоа. Преку рацете на апостолите се појавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов. Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше. И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мноштво од мажи и жени, така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив. А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи болни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.
Дела 5:1-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А еден човек по име Ананија, со својата жена Сапфира, продаде еден имот и задржа од цената со знаење на жената, а донесе еден дел и го стави пред нозете на апостолите. А Петар му рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го излажеш Светиот Дух и да задржиш од цената на нивата? Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде - не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа нешто во своето срце? Не ги излага луѓето, туку Бога!“ Кога Ананија ги чу зборовите, падна и издивна. И голем страв ги обзеде сите, кои го чуја тоа. А помладите станаа, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа. А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што станало. И Петар ја праша: „Кажи ми дали за толку ја продадовте нивата?“ И таа рече: „Да, за толку.“ А Петар ѝ рече: „Зошто се согласивте да Го искушувате Господовиот Дух? Еве! Веќе пред вратата се нозете на оние, кои го погребаа твојот маж, ќе те изнесат и тебе!“ И веднаш падна до неговите нозе и издивна. А кога младите луѓе влегоа, ја најдоа мртва; ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж. И голем страв ја опфати целата црква и сите кои го чуја тоа. И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем. Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се присоедини, меѓутоа народот ги величаше многу. А повеќе верни беа присоединети кон Бога; множествата на мажи и жени; така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, та барем Петровата сенка да падне на некого од нив. Се собираше во Ерусалим и множество од околните градови и носеа болни и измачувани од нечисти духови. И сите се исцелуваа.