Дела 4:1-8
Дела 4:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Додека Петар и Јован уште му зборуваа на народот, им пријдоа неколку свештеници, заповедникот на гардата во ерусалимскиот храм и неколку садукеи. Тие беа многу вознемирени поради тоа што апостолите го учеа народот и, повикувајќи се на воскреснатиот Исус, тврдеа дека постои воскресение на мртвите. Ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден, зашто веќе беше вечер. Мнозина од оние што ја слушнаа проповедта на апостолите поверуваа, па бројот на христијаните се зголеми на околу пет илјади, сметајќи ги тука само возрасните мажи. Утредента се состана Народниот совет составен од сите управници, старешини и вероучители во Ерусалим. Дојде Првосвештеникот Анан, дојдоа и Кајафа, Јован, Александар, како и сите други роднини на Првосвештеникот. Ги доведоа Јован и Петар, ги поставија на средината, па почнаа да ги испрашуваат: „Кој ви даде право, кој ве овласти да го правите ова?“ Исполнет со Светиот Дух, Петар им рече: „Управници и старешини на народот!
Дела 4:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, старешината на храмот и садукеите, огорчени што тие го поучуваат народот и навестуваат воскресение на мртвите во името на Исус Христос; и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило. А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади. Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, првосвештеникот Ана, Кајафа, Јован и Александар, и сите што му припаѓаа на родот првосвештенички. Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“ Тогаш Петар, исполнет со Дух Свети, им рече: „Началници народни и старешини израелски
Дела 4:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Додека тие уште му зборуваа на народот, пристапија при нив свештениците, и управителот на Храмот и садукеите, вознемирени поради тоа што го поучуваат народот и проповедаат воскресение на мртвите во Исуса. И ставија раце врз нив и ги фрлија во темницата, до идниот ден, зашто веќе беше вечер. А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади. А утреден се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, и првосвештеникот Ана, и Кајафа, и Јован, и Александар, и колку што ги имаше од првосвештеничкиот род. И кога ги поставија на средина ги прашаа: „Со каква сила, или во чие име, го направивте тоа?“ Тогаш Петар, исполнет со Светиот Дух, им рече: „Народни началници и старешини!