Дела 25:23 - Спореди ги сите верзии
Дела 25:23 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Утредента, кога Агрипа и Верникиј дојдоа со голем сјај и влегоа во судницата заедно со војводите и најугледните граѓани, по заповед на Фест, го доведоа Павле.
Сподели
Дела 25 MK2006Дела 25:23 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
И така, утредента дојдоа Агрипа и Берника со голема помпезност и влегоа во судската сала, придружувани од офицери и угледни личности од градот. Потоа Фест нареди да го доведат Павле.
Сподели
Дела 25 MNTДела 25:23 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И така, утредента, кога Агрипа и Верникија дојдоа со голем блесок и влегоа во судницата, заедно со илјадниците и со најугледните луѓе во градот; по Фестова заповед го доведоа Павла
Сподели
Дела 25 MKB