Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 25:13-19

Дела 25:13-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

По неколку дена, во Цезареја дојдоа царот Агрипа и неговата сестра Берника, за да му честитаат на Фест, кој неодамна стана нов гувернер. Во текот на нивниот неколкудневен престој, Фест му го изложи на царот случајот на Павле, велејќи: „Имам еден неосуден затвореник, останат уште од времето на Феликс. Кога бев во Ерусалим, еврејските Првосвештеници и старешини го обвинија пред мене и побараа да го осудам. Се разбира, јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да ги осудуваат обвинетите, без да им дадат можност да се соочат со обвинителите и да ја изложат својата одбрана. Затоа тие дојдоа овде и јас без одлагање, веќе следниот ден, седнав во судот и наредив да го доведат човекот. Кога обвинителите станаа да зборуваат, обвиненијата што ги изнесоа воопшто не беа толку страшни колку што јас очекував. Се препираа околу нивната вера, за некојси Исус, Кој умрел, а за Кого Павле тврдеше дека е жив.

Дела 25:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А откако минаа неколку дена, ца­рот Агрипа и Верникиј слегнаа во Ке­сарија за да го поздрават Фест. И бидејќи таму останаа повеќе де­нови, Фест му рече на царот за Павле, ве­лејќи: „Феликс остави еден човек во затворот. Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам. Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со об­винителите и да му се дозволи да се бра­ни од обвинувањето. И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот; и кога застанаа околу него об­ви­ни­телите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав; туку против него имаа некакви пре­пирки околу нивното верување и за не­кој си Исус, Кој умрел и за Кого Павле вели дека е жив.

Дела 25:13-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога поминаа неколку денови, царот Агрипа и Верникија дојдоа во Ќесарија, за да го поздрават Феста. И бидејќи таму се задржаа повеќе денови, Фест го изнесе пред царот Павловото дело: „Феликс остави еден човек во окови, против кого - кога бев во Ерусалим - истапија свештеничките главатари и јудејските старешини и бараа да го осудам. Јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да предадат некого, пред обвинетиот да се соочи со своите обвинители, и да добие прилика да се брани од обвинението. И така, кога тие дојдоа тука заедно, јас на другиот ден - без никакво одлагање - седнав на судиската столица и заповедав да го доведат човекот. Но обвинителите, кои стоеја околу него, не го обвинија ниту за едно зло дело, за кое претполагав, туку имаа против него некои препирки за нивната вера и за некој Исус, Кој умрел, а за кого Павле тврдеше дека е жив.