Дела 24:24 - Спореди ги сите верзии
Дела 24:24 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
По неколку дена дојде Феликс со жената своја Друзила која беше Јудејка, па го повика Павле и слушаше од него за верата во Христос Исус.
Дела 24:24 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
По неколку дена, дојде Феликс со својата жена Друсила, која беше Еврејка. Го повикаа Павле да им зборува за верата во Исус Христос.
Дела 24:24 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А по неколку денови дојде Феликс со својата жена Друзила, која беше Јудејка, го повика Павла и ги слушаше неговите зборови за верата во Исуса Христа.