Дела 24:10-15 - Compare All Versions
Дела 24:10-15 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Гувернерот му даде знак на Павле дека може да зборува. Павле рече: “Знам, господине, дека Вие веќе долго време му служите како судија на нашиот еврејски народ и добро ги познавате работите за кои сум обвинет, и затоа јас со голема доверба во вас ќе ја изложам својата одбрана. Лесно ќе дознаете дека јас во Ерусалим пристигнав на поклонение во храмот пред дванаесетина дена. Ниту во храмот ме затекнале со некого да се расправам, ниту во синагогите, ниту пак во градот сум го подбуцнувал народот на бунт. Тие не можат да го докажат она за што ме обвинуваат. Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта и на тој начин Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во се што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците. И јас, како и тие, верувам во Бог и уверен сум дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните.
Дела 24:10-15 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Намесникот му даде знак на Павле да зборува, а тој одговори: „Бидејќи знам дека од пред многу години си му судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана. Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се искачив во Ерусалим на поклонение. Но не ме најдоа ниту во храмот некому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по синагогите, ниту, пак, во градот. Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене. Но ти признавам дека според учењето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците, дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат.
Дела 24:10-15 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога управителот му даде знак да зборува, Павле одговори: „Бидејќи знам дека многу години си му судија на народов, јас, на драго срце, ќе зборувам во своја одбрана. Ти самиот можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена, откако отидов горе во Ерусалим, на поклонение, и не ме најдоа ни во Храмот, ни во синагогите, ниту во градот да са расправам со некого или да го бунам народот, а не можат ни тебе да ти го докажат она заради што ме обвинуваат сега. Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сѐ што е напишано во Законот и Пророците, и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.