Дела 20:3-6
Дела 20:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Таму остана три месеци. Токму кога се подготвуваше да тргне на пловидба кон Сирија дозна дека група Евреи коваат заговор против него. Затоа реши да се врати преку Македонија. На тој пат го придружуваа: Сопатер, синот на Пир од Верија, Аристарх и Секунд, од Солун, Гај од Дерба, Тимотеј, како и Тихик и Трофим од областа Азија. Тие отидоа пред нас и не чекаа во Троада. Откако заврши празникот на Бесквасните лебови, ние отпловивме од Филипи и по пет дена им се придруживме во Троада. Таму останавме седум дена.
Дела 20:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија. До Азија го придружуваше Сосипатар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Тимотеј, и азијците Тихик и Трофим. Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада. А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.
Дела 20:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија. И го придружуваа до Азија: Сосипатер Пиров од Берија, солунците Аристарх и Секунд, Гај од Дервија и Тимотеј, Тихик и Трофим од Азија. Тие отидоа напред и нè чекаа во Троада. А ние отпловивме од Филипи, после деновите на бесквасните лебови, и за пет дни дојдовме при нив во Троада, каде поминавме седум дена.