Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 16:25-37

Дела 16:25-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете. Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале. Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“ Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила. Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“ Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“ Потоа тие нему и на сите што беа во неговиот дом им проповедаа за Господ, а тој, уште ноќта, им ги изми раните и не чекајќи ниту миг беше крстен, и тој и сите негови домашни. Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог. Кога се раздени, градските судии испратија службеници да му речат на чуварот: „Ослободи ги тие луѓе!“ Чуварот му ги пренесе овие зборови на Павле: „Судиите ми наредија да ве ослободам, затоа слободно одете си.“ Меѓутоа, Павле им одговори: „Ние сме римски граѓани, а властите наредија јавно да не тепаат, без да ни се суди. Потоа не затворија. Зар сега сакаат тајно да не ослободат? Не може така! Нека дојдат судиите и тие лично нека не ослободат!“

Дела 16:25-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затво­ре­ни­ци­те ги слушаа. Одеднаш настана голем потрес, та­ка што и темелите на затворот се по­местија, и веднаш се отворија сите вра­ти и оковите на сите отпаднаа. А стражарот на затворот, кога дој­де при свест и ги виде вратите на зат­во­рот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затво­ре­ни­ци­те избегале. Но, Павле викна со силен глас и ре­че: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“ А тој побара светло, истрча и растре­перен падна пред Павле и Сила; па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“ А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ И му го проповедаа словото Гос­по­дово нему и на сите што беа со него во куќата негова. Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа вед­наш беше крстен тој самиот и сите не­гови домашни. Тогаш ги одведе горе во својата ку­ќа, постави трпеза и се зарадува со це­лиот свој дом, зашто поверува во Бога. А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“ Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пра­тија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“ Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред на­родот без суд и нѐ фрлија в затвор, са­ка­ат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“

Дела 16:25-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. Но одеднаш стана силен потрес, така што се стресоа основите на темницата: во истиот миг се отворија сите врати, и на сите им паднаа оковите. А чуварот на темницата се разбуди и кога ги виде отворените врати на темницата, го извади мечот и сакаше да се убие, мислејќи дека затворениците избегале. Но Павле викна со силен глас, велејќи: „Не прави си себеси никакво зло, зашто сите сме тука!” А тој побара светлина, истрча внатре и треперејќи падна пред Павле и Сила; ги изведе и рече: „Господини, што треба да правам за да се спасам?” Тие пак рекоа: „Верувај во Господа Исуса и ќе се спасиш ти и твојот дом.” И им го проповедаа Господовото слово нему и на сите, кои беа во неговиот дом. И тој ги зеде во истиот час на ноќта, им ги изми раните од ударите и веднаш се крсти и тој и сите негови. Тогаш ги одведе горе во куќата, постави трпеза, и се зарадува со целиот дом, зашто поверува во Бога. А кога се раздени, заповедниците испратија судски службеници и рекоа: „Пушти ги оние луѓе!” Темничарот му ги рече тие зборови на Павла, велејќи: „Заповедниците пратија да ве пуштам. Затоа сега излезете и одете си со мир!” Но Павле им рече: „Откако нас, римски граѓани, без претходна истрага, јавно нè биеја и нè фрлија во темница; а сега сакаат да нè пуштат тајно? Никако! Туку самите да дојдат и нека нè изведат!”

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност