Оди на содржината

Дела 14:2-6 - Спореди ги сите верзии

Дела 14:2-6 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на нез­набошците против браќата. Но тие сепак останаа тука доста вре­ме и смело говореа за Господ, Кој све­дочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да станува­ат знаци и чуда. А народот во градот се раздели: ед­ни беа со Јудејците, а други со апостолите. И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат, тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.

Дела 14 MK2006

Дела 14:2-6 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Но оние Евреи што не поверуваа, ги подбуцнуваа луѓето од другите народи да не ги слушаат Павле и Барнаба. И покрај тоа, апостолите долго време останаа таму и смело зборуваа за Господ, а Господ им даваше сила да прават чуда и видливи докази, поткрепувајќи ја така веродостојноста на пораката за Неговата огромна благонаклоност. Народот во градот беше поделен. Едни беа со Евреите - противници, а други со апостолите. Кога работата дојде дотаму, што противниците меѓу Евреите и меѓу другите народи, предводени од своите водачи, решија да ги нападнат и да ги каменуваат, апостолите избегаа кон областа Ликаонија, накај градовите Листра, Дерба и околните села.

Дела 14 MNT

Дела 14:2-6 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Но Јудејците, кои не ги послушаа, ги побунија и ги огорчија душите на многубошците против браќата. Овие пак останаа тука долго време, проповедајќи смело, во Господа, Кој сведочеше за словото на Својата благодат и овозможуваше нивните раце да прават знаци и чуда. И множеството во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите. Кога многубошците и Јудејците, со своите старешини, се нафрлија врз нив да ги измачуваат и да ги убијат со камења, тие научија за тоа и избегаа во ликаонските градови, Листра и Дарвија, и во нивната околина

Дела 14 MKB