Дела 13:1-4
Дела 13:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Меѓу пророците и учителите во антиохиската црква беа и Барнаба, Симон наречен ,Црнец‘, Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот Ирод, и Савле. Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Савле за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“ Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија. Савле и Барнаба, испратени од Светиот Дух, слегоа во пристаништето Селевкија, а оттаму отпловија за островот Кипар.
Дела 13:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во Антиохиската црква имаше некои пророци и учители: Варнава, Симеон, наречен Нигер, Луциј Киринеецот и Манаин, кој беше воспитан заедно со Ирод четворовласникот, и Савле. Еднаш кога Му служеа на Господ и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле за дело, за кое ги повикав!“ Тогаш тие, откако постеа и се помолија, положија раце над нив и ги пуштија. И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа во Селевкија, и оттаму отпловија за Кипар.
Дела 13:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во Антиохиската црква имаше пророци и учители: Варнава, и Симеон наречен Нигер, па Луциј Киринеец, Манаин, кој беше воспитан заедно со четворовласникот Ирод, и Савле. И кога Му служеа на Господа и постеа, Светиот Дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савла за делото за кое ги повикав!“ Тогаш, откако постеа и се помолија, ги положија рацете на нив и ги пуштија. И така тие - испратени од Светиот Дух - слегоа во Селевкија и оттаму отпловија за Кипар.