Дела 1:4-8
Дела 1:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.“ А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го востановиш, Господи, царството Израелово?“ И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт; но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“
Дела 1:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим се додека небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа. Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“ Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“ Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува! Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“
Дела 1:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.“ А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го востановиш, Господи, царството Израелово?“ И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт; но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“
Дела 1:4-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене“: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!“ А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Цар-ство?“ А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и наста-ните, што Таткото ги одреди со Својата власт. Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“