Оди на содржината

Дела 1:3-5 - Спореди ги сите верзии

Дела 1:3-5 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“

Дела 1 MK2006

Дела 1:3-5 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство. На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим се додека небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа. Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“

Дела 1 MNT

Дела 1:3-5 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу веродостојни докази: јавувајќи им се четириесет дена и им зборуваше за Божјото Царство. И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене“: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!“

Дела 1 MKB