Дела 1:1-3
Дела 1:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги Теофиле, во мојата прва книга ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот, па се до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух. Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство.
Дела 1:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, па сѐ до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо.
Дела 1:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во првата книга, о Теофиле, го напишав сѐ она што Исус почна да го врши и учи, до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, кои ги беше избрал, на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу веродостојни докази: јавувајќи им се четириесет дена и им зборуваше за Божјото Царство.