2 Солуњаните 2:3-5
2 Солуњаните 2:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да отпаѓаат од верата и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето. Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на се што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог. Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас?
2 Солуњаните 2:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог. Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?
2 Солуњаните 2:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта, кој се противи и се воздига над сѐ што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог. Не помните ли дека ви го зборував ова уште кога бев кај вас?