2 Солуњаните 1:8-12
2 Солуњаните 1:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Богa и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус. Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила. Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме. Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите. Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.
2 Солуњаните 1:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прославен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво. Затоа и се молиме секогаш за вас да ве удостои нашиот Бог за звањето и да ја исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата, та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господ Исус Христос.
2 Солуњаните 1:8-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос; кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила, кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво. Затоа и се молиме секогаш за вас: нашиот Бог да ве смета достојни на звањето, и да ја исполни секоја добра волја во добрина и делото на вашата вера во сила, за да се прослави името на нашиот Господ Исус, во вас, и вие во Него, по благодатта на нашиот Бог и Господ Исус Христос.