2 Солуњаните 1:7-9
2 Солуњаните 1:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели, со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Богa и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус. Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.
2 Солуњаните 1:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ
2 Солуњаните 1:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила, во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос; кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила