2 Солуњаните 1:3-4
2 Солуњаните 1:3-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како што прилега, чувствуваме обврска секогаш да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте. Се гордееме со вас пред сите Божји цркви. Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате.
2 Солуњаните 1:3-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша необично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува, така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и маки, што ги поднесувате
2 Солуњаните 1:3-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, како што е право, зашто вашата вера расте многу; и се умножува меѓусебната љубов на секој од вас, така што ние сами се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашето трпение и верата во сите ваши гонења и маки, што ги поднесувате.