Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 1:2-10

2 Солуњаните 1:2-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ви посакуваме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир. Како што прилега, чувствуваме обврска секогаш да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте. Се гордееме со вас пред сите Божји цркви. Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате. Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате. Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат, а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели, со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Богa и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус. Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила. Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.

2 Солуњаните 1:2-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос! Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува, така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате: тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа, а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од сла­вата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прос­ла­вен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­ве­руваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

2 Солуњаните 1:2-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Благодат вам и мир од Бог нашиот Татко и Господа Исуса Христа. Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, како што е право, зашто вашата вера расте многу; и се умножува меѓусебната љубов на секој од вас, така што ние сами се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашето трпение и верата во сите ваши гонења и маки, што ги поднесувате. Тоа е знак на праведниот Божји суд, за да се сметате достојни за Божјото Царство, за кое и страдате. Зашто е праведно пред Бога: да им врати мака на оние кои ве измачуваат, а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила, во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос; кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила, кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.