2 Самоилова 16:1-4
2 Самоилова 16:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со две натоварени магариња со двесте лебови, сто мери суво грозје, сто низи смокви и еден мев со вино. Царот го праша Сива: „Зошто ти е тоа?“ Сива одговори: „Магарињата се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите – за храна на момците, а виното – за изнемоштените во пустината.“ Царот праша: „Каде е синот на господарот твој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израелов ќе ми го врати татковото ми царство.‘“ И му кажа царот на Сива: „Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.“ А Сива одговори, поклонувајќи се: „Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!“
2 Самоилова 16:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Давид помина малку преку врвот, ете, во пресрет му дојде Сива, Мефивостеевиот слуга, со две насамарени ослиња што носеа двеста лебови, сто гроздови суво грозје, сто низи летно овошје и мев со вино. Царот го праша Сива: „Што ќе правиш со тоа?“ А Сива одговори: „Ослињата се за да послужат на царското семејство за јавање, лебот и овошјето за јадење на момчињата, а виното за пиење на оние кои ќе се уморат во пустината.“ Царот праша натаму: „А каде е синот на твојот господар?“ А Сива му одговори на царот: „Ене, остана во Ерусалим, зашто рече: ‘Денес Израелевиот дом ќе ми го врати царството на мојот татко.’“ Тогаш царот му рече на Сива: „Ете, сѐ што имаше Мефивостеј нека е твое.“ А Сива одговори: „Се поклонувам пред тебе. Нека да најдам милост во твоите очи, цару господару!“