Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 15:18-22

2 Самоилова 15:18-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И сите слуги негови врвеа од двете страни негови, и сите Кере­тијци, сите Пелетијци и сите Гетчани – до шестотини души што беа дошле заедно со него од Гет, одеа пред царот. И царот му рече на Гетчанецот Итај: „Зошто си тргнал и ти со нас? Врати се и остани со оној цар, бидејќи ти си туѓинец и си избегал од својата земја. Ти си дошол вчера, а денес ќе те терам да одиш со нас ли? Јас одам, каде што можам; врати се и врати ги со себе и браќата свои; Господ нека ти подари милост и правда!“ А Итај му одговори на царот и рече: „Жими Господ, и жими мојот господар, царот; каде и да биде мојот господар, царот, жив или мртов, таму ќе биде и твојот слуга.“ Тогаш Давид му рече на Итај: „Дојди, пак, и оди со мене.“ И тргна Гетчанецот Итај и сите луѓе негови и сите деца што беа со него.

2 Самоилова 15:18-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Сите негови дворјанци стоеја покрај него. Тогаш сите Херетејци, сите Фелетејци, Итај и сите Гетејци, кои беа дошле со него од Гат, шест стотини луѓе, поминаа пред царот. Царот го праша Гетеецот Итај: „Зошто и ти идеш со нас? Врати се и остани кај царот! Ти си странец, протеран од својата земја. Вчера дојде, а денес да те водам да скиташ со нас, кога јас одам кај што ќе посакам. Врати се и одведи ги своите браќа назад со себе, а доброта и верност со тебе!“ Но Итај му одговори на царот вака: „Живиот ми Господ, и така да биде жив мојот господар цар: каде што ќе биде мојот господар царот, било за смрт или за живот, таму ќе биде и твојот слуга!“ Тогаш Давид му рече на Итаја: „Ајде, помини!“ И Итај од Гат помина со сите свои луѓе и со сите малечки кои беа со него.