2 Самоилова 12:1-3
2 Самоилова 12:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Господ го испрати Натан пророкот кај Давид, и тој отиде кај него и му рече: „Во еден град имаше двајца мажи – едниот богат, а другиот сиромав; богатиот имаше мошне многу ситен и крупен добиток, а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка што ја беше купил мала и ја отхрани, и таа беше пораснала кај него заедно со неговите деца; таа јадеше од неговиот леб, пиеше од неговата чаша, спиеше на неговите гради и му беше како ќерка
2 Самоилова 12:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ го испрати пророкот Натан кај Давида. Тој влезе кај него и му рече: „Во некој град живееја два човека, едниот богат, а другиот беден. Богатиот имаше овци и говеда во изобилство. А бедниот немаше ништо друго освен една единствена овчичка, што ја беше купил. Ја хранеше, и таа растеше покрај него и со неговите деца; јадеше од неговиот залаг, пиеше од неговата чаша; му спиеше во неговото крило: му беше како ќерка.