2 Петар 2:10-11
2 Петар 2:10-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тоа посебно се однесува на оние што се раководат од телото и грешните страсти и го презираат Божјиот авторитет. Во својата дрскост тие луѓе немаат никаква почит спрема славните небесни суштества, туку се осмелуваат дури и да ги навредуваат! Дури ни ангелите, иако се многу посилни и помоќни од нив, не изнесуваат пред Господ такви навредливи обвиненија против нив.
2 Петар 2:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта, но дури ни ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.
2 Петар 2:10-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
а особено оние, кои одат по нечистите похоти на телото и го презираат господството. Како дрски и своеволни луѓе тие не се плашат да ги хулат величествата, додека ангелите, кои се поголеми по сила и снага, не изговараат хулна осуда против нив пред Господа.