2 Царевите 5:10-14
2 Царевите 5:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Елисеј го испрати кај него слугата свој да му каже: „Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.“ Се разгневи Нааман и си тргна, велејќи: „Ете, јас мислев дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господ, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата; зарем дамаските реки Авана и Парпар не се подобри од сите израелски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?“ Па се сврте и си отиде налутен. Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: „Татко, да ти кажеше пророкот да направиш нешто потешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!“ Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.
2 Царевите 5:10-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Елисеј му порача на дојденикот: „Оди и искапи се седумпати во Јордан, и телото ќе ти биде пак чисто.“ Нееман се налути и тргна, велејќи: „Ете, јас мислев ќе излезе пред мене, ќе го повика Господа, својот Бог, ќе ја стави раката на болното место и ќе ми ја однесе лепрата. Не се ли реките во Дамаск, Авана и Фарфар, подобри од сите израелски води? Не можам ли да се искапам во нив за да станам чист?“ Се сврте и си отиде лут оттаму. Ама неговите слуги му пристапија и му рекоа: „Татко мој, да ти одредеше пророкот и потешко зар не би направил? А камоли кога ти рече: ‘Искапи се, и ќе бидеш чист.’“ И така слезе, се изми седумпати во Јордан, според зборот на Божјиот човек; и телото му стана пак како кај мало дете - се очисти!