2 Царевите 23:1-3
2 Царевите 23:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш царот испрати, та се собраа кај него сите старешини на Јуда и на Ерусалим. И отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и сите ерусалимски жители, и свештениците, и пророците, и сиот народ, од мал до голем, и им ги прочита гласно сите зборови од книгата, што беше најдена во домот Господов. Потоа царот застана на високо место и пред лицето Господово се заветува дека ќе Го следи Господа и дека ќе ги чува заветите Негови, откровенијата Негови и наредбите Негови, од сѐ срце и душа и ќе ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга, И сиот народ се заветува.
2 Царевите 23:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш царот испрати да се соберат кај него сите јудејски и ерусалимски старешини. Царот потоа отиде во Господовиот Дом со Јудејците, со ерусалимците, со свештениците и пророците, и со сиот народ, од најмалиот до најголемиот. И им ги прочита сите зборови на книжниот свиток на Заветот кој беше најден во Господовиот Дом. Царот, стоејќи пред столбот, го обнови пред Господа Заветот дека ќе го следи Господа и дека ќе ги пази Неговите заповеди, поуки и одредби со сето срце и со сета душа, за да ги исполни сите слова на Заветот, запишани во овој свиток. Сиот народ стапи во Заветот.