Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 5:17-19 - Compare All Versions

2 Коринтјаните 5:17-19 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Тоа значи дека кога некој ќе стане христијанин, тој е веќе нова личност. Не е веќе ист како порано, зашто со стариот живот е веќе завршено. Започнува нов живот! Тој нов живот доаѓа од Бог, Кој, преку Христос, не помири со Себе и ни ја довери задачата да им објаснуваме на луѓето како и тие да се помират со Него. Нашата порака е дека Бог беше во Христос и му понуди помирување на целиот свет со Себе, готов да им ги прости гревовите на луѓето. Таа порака, која објаснува како можеме да се помириме со Бог, ни ја довери нам, за да им ја проповедаме на сите луѓе.

2 Коринтјаните 5:17-19 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото. А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Се­бе преку Христос и ни го даде слу­же­ње­то на тоа измирување. Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување.

2 Коринтјаните 5:17-19 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сѐ стана ново. А сѐ ова е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето, зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето.