2 Коринтјаните 5:1-5
2 Коринтјаните 5:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знаеме дека кога ќе пропадне овој ,шатор‘ во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, не очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака. Во нашите сегашни тела офкаме и копнееме по денот кога како нова облека ќе ги облечеме нашите небесни тела, зашто ние нема да бидеме голи духови, без тела, туку ќе ги облечеме нашите нови, небесни тела. Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака. Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело. Бог не подготви за тоа и ни Го даде Светиот Дух како гаранција дека тоа навистина ќе се случи.
2 Коринтјаните 5:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Знаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата. Зашто во него воздивнуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште; само, да се најдеме облечени, а не голи. Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното. А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот.
2 Коринтјаните 5:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, знаеме: ако се разурне нашиот земен дом, кој е како шатор, имаме од Бога зграда, вечен дом на небесата, што не го изградила човечка рака. Па затоа и воздивнуваме и копнееме да се облечеме со своето небесно живеалиште; само така облечени, нема да се најдеме голи. Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно. А Бог нѐ приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог.