2 Летописи 7:11-16
2 Летописи 7:11-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И го заврши Соломон домот Господов и домот царски, заврши успешно сѐ што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом. И Господ му се јави на Соломон ноќе и му кажа: „Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жртвопринесувања. Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова. И сега очите Мои ќе бидат отворени и ушите Мои внимателни кон молитвата во ова место. И сега Јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.
2 Летописи 7:11-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така Соломон ги доврши Господовиот Дом и царскиот дворец и направи сѐ што имаше наумено во своето срце да го изврши во Господовиот Дом и во својот дворец. Потоа Господ му се јави на Соломона ноќе и му рече: „Ја послушав твојата молитва и го избрав тоа место за да Ми биде Дом на жртвата. Ако го затворам небото за да нема дожд, или ако им заповедам на скакулците за да ја испасат земјата, или ако пуштам помор меѓу Мојот народ, и ако се смири Мојот народ, кој се наречува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата. Моите очи ќе бидат отворени и Моите уши ќе бидат внимателни на молитвата од ова место. И така, сега го избрав и го осветив овој Дом, за да биде тука Моето Име засекогаш, и тука ќе бидат во сите дни Моите очи и Моето срце.