1 Тимотеј 4:6-10
1 Тимотеј 4:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот. Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба. Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.
1 Тимотеј 4:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Христос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил. Од нечисти и од бапски приказни бегај, а обучувај се во побожност; зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот. Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени. Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.
1 Тимотеј 4:6-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш. А избегнувај од нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност! Зашто телесната обука е малку полезна, а побожноста е полезна за сѐ, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот. Тоа е вистинско слово и достојно за полно примање. Имено, затоа ние се трудиме и се бориме, зашто се надеваме во живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, особено на верните.