1 Солуњаните 4:16-18
1 Солуњаните 4:16-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат; потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него. Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.
1 Солуњаните 4:16-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ. Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.
1 Солуњаните 4:16-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа. Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.