1 Солуњаните 2:7-9
1 Солуњаните 2:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како апостоли на Христос можевме да ви поставуваме разни барања, но ние многу внимателно се однесувавме со вас, како мајка доилка што со нежност се грижи за своите дечиња. Толку ни станавте мили, толку се приврзавме спрема вас, што бевме решени не само да ви ја пренесеме Божјата Радосна вест, туку и душите свои да ги дадеме за вас. Впрочем, драги пријатели, потсетете се како ние работевме и се трудевме. Ден и ноќ работевме за својата издршка, за да не му бидеме на товар на никого од вас додека ви ја проповедавме Божјата Радосна вест.
1 Солуњаните 2:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
иако можевме и да се наметнеме како Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца. Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Евангелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги. Спомнете си браќа за нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го проповедавме Евангелието Божјо.
1 Солуњаните 2:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Напротив, бевме благи меѓу вас, како доилката, која топло ги негува своите деца, така, полни со љубов кон вас сакавме да ви го предадеме не само Божјото Евангелие, туку и своите души, зашто ни станавте мили. Затоа, браќа, вие ги помните нашиот труд и мака: работејќи ноќе и дење, за да не му паднеме на терет на некој од вас, додека го проповедувавме Божјото Евангелие.