1 Солуњаните 2:1-3
1 Солуњаните 2:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие, драги мои, знаете дека нашето доаѓање кај вас не беше загубено време. Знаете како настрадавме и како не навредуваа во градот Филипи, пред да дојдеме кај вас. Сепак, Бог ни даде храброст, наспроти силното противење, и вам да ви ја пренесеме Неговата Радосна вест. Тоа што ви го проповедавме не произлегува од заблуда, ниту пак е со нечисти мотиви, или со измами.
1 Солуњаните 2:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас не беше залудо; напротив, откако пострадавме и бевме поругани во Филипи, како што знаете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Евангелие со тешка борба. Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство
1 Солуњаните 2:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто самите знаете, браќа, дека нашето доаѓање кон вас не беше напразно. Напротив, иако порано пострадавме и бевме хулени во Филипи, како што веќе знаете, бевме смели во нашиот Бог, да ви го проповедаме Божјото Евангелие среде голема борба. Зашто нашето бодрење не беше од заблуда ни од нечистота, ниту со измама