1 Самоилова 26:7-11
1 Самоилова 26:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Давид дојде со Авеса кај луѓето на Саул ноќе; и ете, Саул лежи заспан во царската кола и копјето му е забодено во земјата покрај перницата негова; а Авенир и народот лежеа околу него. Авеса му рече на Давид: „Денес Господ го предаде твојот непријател во рацете твои; затоа дозволи, јас ќе го приковам со копје за земјата со еден замав и нема да го повторам ударот.“ Но Давид му рече на Авеса: „Не убивај го, зашто кој кренал рака врз помазаник Господов, а останал неказнет?“ Давид уште рече: „Да е жив Господ. Нека го собори Господ, или ќе дојде денот негов, и тој ќе умре, или ќе отиде во војна и ќе загине; а мене да не ми дава Господ да кренам рака врз помазаник Господов; туку да го земеме копјето негово што е покрај перницата негова, и садот со вода, па да си одиме.“
1 Самоилова 26:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така Давид и Ависај стигнаа ноќта до војската: и ете, Саул лежеше и спиеше во логорот, а неговото копје беше закачено во земјата кај возглавјето. Авенир и војниците лежеа околу него. Тогаш Ависај му рече на Давида: „Денес Бог ти го предаде твојот непријател во твои раце; затоа сега дозволи да го прободам за земјата со неговото сопствено копје, со еден единствен удар, друг не ми треба.“ Ама Давид му одговори на Ависај: „Не го убивај! Зашто кој ќе ја подигне својата рака на Господовиот помазаник и ќе остане неказнет?“ Уште продолжи Давид: „Живиот ми Господ, и Господ ќе го удри, или ќе дојде неговиот ден да умре, или ќе отиде во бој и ќе загине. Да не ми даде Господ да кренам рака на Господовиот помазаник! Туку земи ги сега копјето што му е кај возглавјето и садот за вода, па да си одиме!“