1 Самоилова 1:1-3
1 Самоилова 1:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Имаше еден човек од Раматаим-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец. Тој имаше две жени: едната се викаше Ана, а другата Пенина. Пенина имаше деца, Ана, пак, немаше деца. И секоја година на определени денови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ.
1 Самоилова 1:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Беше еден човек од Раматаим, Софимец од Ефремовата Гора, по име Елкан, син Јероамов, син Еливов, син Товин, син Суфов, Ефратец. Имаше две жени: името на едната ѝ беше Ана, а на другата името ѝ беше Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше. Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници.