1 Петар 5:12-14
1 Петар 5:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност. Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим. Ве поздравува и Марко. Тој ми е како син. Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов. На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. ( Амин.)
1 Петар 5:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По Силван, нашиот верен брат, како што мислам, ви го напишав ова кратко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа! Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!
1 Петар 5:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По Силвана, верниот брат, каков го сметам, ви го напишав ова накратко, за да ве опоменам и да ви посведочам дека ова е вистинска Божја благодат, во која стоите. Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, кои сте во Христа. Амин!