1 Петар 5:1-4
1 Петар 5:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сакам да ги охрабрам црковните старешини. И јас сум старешина, сведок на страдањето на Христос и знам дека кога повторно ќе дојде и мене ќе ме огрее Неговата слава. Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од се срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба. Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.
1 Петар 5:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие: пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце. И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото. А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добиете венец на слава што никогаш не свенува.
1 Петар 5:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие: пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце; и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене.