1 Петар 3:18-22
1 Петар 3:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Па и Христос пострада, кога умре за нашите гревови, еднаш засекогаш. Тој беше безгрешен, но умре за нас грешните, за да не врати кај Бог. Телесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа. Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор, на оние што долго време во минатото беа непокорни, а Бог трпеливо ги чекаше, на оние што изгинаа во времето на Ное. Тогаш беше направен ковчегот во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија од смрт преку водата. Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени. Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест. Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна. Сега Христос е на небото и седи на почесно место - од десната страна на Бог. Сите ангели, власти и сили се под Негова контрола.
1 Петар 3:18-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, умре по тело, но оживеа со духот. Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор, кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата. Образецот на таа вода – крштавањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест – нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос, Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.
1 Петар 3:18-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да нѐ приведе при Бога; навистина, Тој, Кој беше убиен во тело, оживе Духом; во Него, Тој отиде тогаш, и објави на духовите во Подземјето; кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата. Одговарајќи на оваа слика, крштавањето, - кое не е отстранувањето на телесната нечистота,- туку е одговор на добра совест кон Бога, сега и вас ве спасува, преку воскресението на Исуса Христа, Кој е оддесно на Бога, откако отиде во небото, каде Му се покорија ангелите, и властите, и силите.