1 Петар 2:19-21
1 Петар 2:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вредно е во Божјите очи ако од обѕири спрема Него трпеливо поднесувате страдања на кои сте неправедно изложени. Инаку, зар би било за пофалба, ако трпите заслужена казна!? Но ако правите добро, а сепак страдате, тоа е вредно во Божјите очи. Токму заради ова Бог и ве одбра. Христос страдаше за вас и ви даде пример што треба да го следите.
1 Петар 2:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо. Зашто, каква е пофалбата, ако трпите кога ве тепаат поради престапи? Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога. Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оставајќи ни пример за да врвиме по Неговите стапки
1 Петар 2:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто тоа е благодат, кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога. Имено, каква е пофалбата ако трпите, кога ве казнуваат за вашите престапи? Но, ако страдате и трпите, кога правите добро, тоа е благодат од Бога. Зашто за тоа сте повикани, зашто и Христос страдаше за вас и ви остави пример, за да врвите по Неговите стапки.