1 Царевите 13:16-18
1 Царевите 13:16-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе и да дојдам кај тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место, зашто преку словото Господово ми е речено: ‚не јади леб и не пиј вода таму, и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“ Тој му рече: „И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‚врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘“ Но тој го излага.
1 Царевите 13:16-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но тој одговори: „Не смеам да се вратам со тебе, ниту смеам да јадам леб ни да пијам вода на ова место, зашто од Господовото слово ми е наредено ова: ‘Не јади таму леб, не пиј вода, ниту се враќај по патот по кој што си тргнал онаму.’“ На тоа оној му рече: „И јас сум пророк како и ти, и ангел ми рече со Господово слово: ‘Поведи го со себе дома за да јаде леб и за да пие вода.’“ Со овие зборови го излага.