Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 9:19-23

1 Коринтјаните 9:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Јас не бев должен да им се покорувам на луѓето, бидејќи од нив не добивав плата, но сепак им станав слуга на сите за да ги доведам кај Христос. Кога сум со Евреи, живеам како Евреин, за да ги доведам кај Христос. Тие му се потчинуваат на Мојсеевиот Закон, па и јас се придржувам кон истиот Закон, за да можам да ги доведам кај Христос, иако јас веќе не сум под тој Закон. Кога сум со луѓе што не го признаваат Мојсеевиот Закон, го оставам Законот настрана, та и нив да ги доведам кај Христос. Се разбира, јас не живеам без закон, зашто го почитувам Божјиот Закон, односно, се раководам од Христовиот закон. Кога сум со сиромаси и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос. Кон сите се сообразив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив. Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.