1 Коринтјаните 7:8-9
1 Коринтјаните 7:8-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас. Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.
Сподели
Прочитај 1 Коринтјаните 71 Коринтјаните 7:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене. Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.
Сподели
Прочитај 1 Коринтјаните 71 Коринтјаните 7:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
На неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас. Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.
Сподели
Прочитај 1 Коринтјаните 7