Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 6:1-8

1 Коринтјаните 6:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога меѓу двајца христијани има некој спор, им прилега ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од други христијани? Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет? Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор? Зар не знаете дека ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувања! Кога спорите за најобични, секојдневни работи, зошто одите да се судите пред луѓе кои црквата воопшто не ги цени!? Треба да се засрамите што сум принуден да ви го кажувам ова! Нема ли меѓу вас христијаните барем еден мудар човек кој би можел да пресудува во вашите меѓусебни спорови? Туку дозволувате еден христијанин да се суди со друг христијанин, и тоа пред суд на неверници! Самото тоа што вие воопшто се тужите еден со друг, несомнено претставува пораз за вас. Зошто не истрпите, макар и да сте онеправдани? Зошто не ја прежалите штетата што евентуално ви е нанесена? Наместо тоа, вие самите правите неправди и им нанесувате штета на своите сохристијани!

1 Коринтјаните 6:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Дали некој од вас, кога има спор про­тив друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии? Не знаете ли дека светиите ќе го су­дат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за по­мали работи? Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното? А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни! За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои? Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници! Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата? Но вие сами навредувате и нанесува­те неправда и ограбувате, и тоа браќата свои.

1 Коринтјаните 6:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Смее ли некој од вас, ако има спор против друг, да се суди пред неправедните, а не пред светите? Или не знаете ли дека светите ќе му судат на светот? И ако вие ќе му судите на светот, не сте ли достојни да судите во сосем мали спорови? Не знаете ли дека ќе им судиме на ангелите! А колку повеќе тогаш, работите во животот! И така, ако имате обични спорови, дали ги поставувате за судии оние, кои се малку ценети во црквата! Зборувам за ваш срам. Вистина ли е дека меѓу вас нема ниеден мудар, кој би можел да пресуди меѓу своите браќа? Туку брат се суди со брат, и тоа пред неверници! Без сомнение, тоа е за сите вас неуспех, дека имате парници помеѓу себе. Зошто порадо не ја претрпите неправдата? Зошто порадо не ја прежалите штетата? Туку вие сами ги онеправдувате и оштетувате, и тоа браќата!