1 Коринтјаните 16:10-11
1 Коринтјаните 16:10-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас. Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.
1 Коринтјаните 16:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас. Никој да не го презира, туку испратете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.
1 Коринтјаните 16:10-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас. Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата.