1 Коринтјаните 15:4-7
1 Коринтјаните 15:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар и на дванаесетте апостоли, а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли.
1 Коринтјаните 15:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте; после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли
1 Коринтјаните 15:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата; дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа. Потоа му се јави на Јакова, па тогаш на сите апостоли.